Балкан
12. January 2018 - 21:06

Пленковиќ: Хрватска и Словенија се близу до договор за границата

Хрватска и Словенија се многу близу до решение за граничниот спор, независно од впечатокот што постои во јавноста околу ова прашање, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој нагласи дека Хрватска на словенечката страна и го претставила својот предлог за надминување на спорот, кој, според него, би можел да биде „многу добра основа за изнаоѓање конечно решение“.

– Во суштина мислам дека сме многу поблизу до решение отколку што може да се заклучи од вкупниот впечаток во јавноста. Нашите ставови ние и ги појаснивме на словенечката стрна и на сите партнери во ЕУ, изјави Пленковиќ.

Тој нагласи дека во врска со спорот Хрватска се однесува „одговорно и зрело“ и не презема еднострани потези, кои на каков било начин би можеле да ги влошат односите меѓу Загреб и Љубљана.

Претходно денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека „порано или подоцна“ Хрватска ќе го промени својот став околу арбитражната пресуда за граничниот спор.

Тој најави и дека словенечкото Министерство за надворешни работи Карл Ерјавец подготвува тужна против Хрватска поред Европскиот суд, поради одбивањето да ја прифати одлуката на арбитражата за границата во Пиранскиот Залив.

Коментирајќи ја ваквата најава на Ерјавец, Пленковиќ изјави дека не гледа основа за каква било тужба против Хрватска пред Европскиот суд, бидејќи земјата не крши ниту еден елемент од правните норми на ЕУ.

Словенечките медиуми објавија дека според извори во Европскиот суд, една земја не може еднострано да поднесе тужба против друга, туку дека е потребен спор врз основа на договор меѓу две држави за кој би се произнеле судиите.