Балкан
12. September 2016 - 19:36

Пленковиќ: ХДЗ ќе формира Влада отворена за соработка

Лидерот на Хрватската демократска заедница , Андреј Пленковиќ прогласи синоќа победа и порача дека е сигурен оти партијата ќе има привилегија да формира стабилна хрватска влада која ќе владее во следните четири години.

Пленковиќ  најави дека ХДЗ веќе утре, по разговорите со партнерите, ќе отвори платформа за постизборни средби.   Коалицијата на чело со ХДЗ освоила 61 мандат   во парламентот кој содржи вкупно 151 член., Народната колација на чело со СДП 54, а Мост 13 мандати, партијата Жив ѕид доби осум мандати, Истарска демократска  сабор три мандати, партијата на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ два, Хрватска демократска заедница на Словенија и Барања еден мандат, и независниот кандидат Жељко Гласановиќ еден мандат.

Останатите места во парламентот се наменети за претставниците на малцинствата и дијаспората.

 48 лица повредени во експлозија во градот Ван во југоисточна Турција.

Најмалку  48 лица.се повредени во експлозијата на автомобил-бомба,  чија цел била окружната централа на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), во градот Ван,југоисточна Турција.

Нападот е извршен во првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам,. Експлозијата  околу 11 часот,  во област каде  се наоѓа и зградата на локалната Окружна управа.При експлозијата, во зградата  избувнал  пожар, кој бил изгаснат,а искршени се прозорците  на околните домови и канцеларии.

ОН: Најмалку 133 жртви и 400 исчезнати во поплавите во Северна Кореја

Во поплавите во Северна Кореја настрадаа 133 лица, а 395 се водат како изчезнати, соопшти ОН.

 

Околу 107.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови заради зголемувањето на нивото на реката река Тумен. Уништени се голем број домови, патишта и железнички пруги.Во четвртокот билансот изнесуваше 60 загинати лица.