Ракомет
21. May 2016 - 22:16

Плеј оф: Комплетирано 7.коло со победи на Металург и Прилеп

Со вечерашните два натпревара на кои победија ракометарите на Металург и на Прилеп беше комплетирано 7.коло од плеј офот.

Металург во Охрид ја победи истоимената домашна екипа со 21:19, а Прилеп славеше на домашен терен со Макс Струмица со 30:26 и остана со шанси за освојување на третото место.
На првиот дуел од оваа рунда одигран вечра Вардар - Работнички 39:21.
Табела: Вардар 21, Металург 18, Макс Струмица 12, Прилеп 9, Охрид 3, Работнички 0.