Кошарка
16. јуни 2016 - 9:05

Плеј оф: Барса поведе против Реал

Кошаркарите на Барселона поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот во  шпанската Ендес лига откако на свој терен во драматичен меч славеа со 100-99.

Победата ја донесе Перпероглу со звукот на сирената откако Наваро и Томиќ за 3 секунди му организираа прекрасна акција.
Дулман беше најефикасен кај победникот со 19 поени додека Перпероглу постигна 18. 
Кај гостите доминираше Керол со 21 поен.