Фудбал
15. May 2016 - 20:09

Плеј аут лига: Ренова остана во Првата лига, Турново во бараж

Фудбалерите на Ренова изборија опстанок во Првата македонска лига, додека Хоризонт Турново ќе игра бараж за останување во прволигашкото друштво против Пелистер од Битола.
 
Ваков е епилогот по завршувањето на последното 33.коло од плеј-аутот. Ренова немаше проблеми со Младост Царев Двор, па залуден беше триумфот на Хоризонт Турново над Металург.
 
Постигнати резултати:
Младост Царев Двор – Ренова 0:4
Хоризонт Турново – Металург 5:0.
 
Табела: Ренова 47 бодови, Хоризонт Турново 46, Металург 19, Младост Царев Двор 19 бода.