Бизнис
6. July 2016 - 19:47

Платите на жените во просек помали за 10% од тие на мажите

Жените во Македонија заработуваат 10 проценти помалку од мажите.

На секои 1.000 денари од мажите, тие  добиваат 103 денари помалку, покажле анализите на институтот за економско истражување и политики. Најголема разлика во платите има во земјоделието.

Тука секоја жена заработува 30 проценти помалку од мажот.

Најмала е во  финансискиот сектор  каде  примањата им се помали од мажите за само еден процент. Ваква е состојбата и во другите земји. ќ

Според анализите на ОН тие глобално заработуваат помалку од мажите,  најчесто се на ниски работни позиции, немаат пристап до нормална работа, социјална заштита и јавни услуги.

Според надлежните за да се отсрани ваквата состојба потребно е да се промени политиката на вработување, социјалата и макроекономската политика.  

Јазот на примањата е поголем меѓу жените и мажите над 29 години 11,9 проценти, додека кај мажите и жените под 30 години тој изнесува 3,2 проценти.