Бизнис
19. November 2015 - 19:57

Платите на мажите и жените ќе се изедначат по 118 год.

Полова дискриминација нема само на хартија. Разликите во плати меѓу мажите и жените се уште се драстични. Според истражувањето кое го направи Светскиот економски форум за да се изедначат на глобално ниво ќе бидат потребни уште 118 години. Жените денес заработуваат во просек колку мажите во 2006 та година, или годишно – жените заработуваат 10.400 евра, додека мажите 19.400 евра, наведено e во Извештајот. Најмала разлика во платите има во нордиските земји. Македонија е рангирана на 69 та позиција од 149 земји, каде платите на жените се речиси двојно пониски отколку на мажите. Полека но сигурнo, жените самi се борат за својата позиција, велат од ССК

Во извештајот е наведено дека најголем  прогрес е направен во политиката, каде расте бројот на жени. Сочинуваат 19% од парламентарците, 18% се на  министерски позиции, 50% се лидерска позицја на некоја држава. Кај нас од 2006 та  од кога се спроведува истражување, имало 8 жени министри, 33  пратенички и ниту една жена претседател. Најзастапени се на раководни функции  во финансиски институции, додека  30% учествуваат во сопственичката структура на фирмите.