Живот
28. јуни 2017 - 14:39

Плати со живот: Тинејџерка не го разбра инструкторот, скокна во бездната иако тој и рече „не“

Тинејџерка од Холандија Вера Мол (17) загина на крајно бизарен начин додека била на одмор во Шпанија.

За жал, причината за трагедијата била јазичната бариера односно несогласување. Вера, поради лошиот нагласок и изговор, погрешно разбрала што и рекол инструкторот по банџи џампинг и практично без никава заштита од мост скокнала право во смрт.

Инструкторот и рекол "no jump", односно, "немој да скокас“, но неговиот изговор бил толку лош што девојчето разбрало "now jump", односно „сега скокај“. Во моментот кога скокнала од мостот, Вера била врзана со јажето, но тоа не било прицврстено за подлогата.

Инструкторот чие име не е објавено, е обвинет за смртта на тинејџерката. На суд е кажано дека инструкторот морал да побара лична карта или некој документ за идентификација за да провери дали девојчето е полнолетно, но и дека мостот на кој бил организиран скокот не бил ни безбеден ниту предвиден за тоа.

Во својата одбранам инструкторот рече дека неговиот англиски бил многу лош.