Плата и пријавување на сите работници во Фени Индустри, најави стечајниот управник
Стечајниот управник на Фени Индустри Мирослав Анастасиевски денеска преку соопштение информира дека по добивањето на решението од Основниот суд Велес, доверителите подносители на пријавата за стечај, ги депонирале потребните средства на сметката на Фени Индустри.
Стечајниот управник најавува дека првиот чекор кон стабилизација е исплата на платите на вработените, за што е почната процедура за пресметка. Вработените ќе примат плата и ќе потпишат договори за вработување, без прекин на стажот, континуитетот ќе биде запазен, со што, како што вели, во целост се заштитени нивните права.
- Секој работник, мора одговорно да пристапи во остварување на обврските, работните задачи. Сите барања на работниците се задоволени, согласно законската процедура, затоа апелирам да не потклекнуваат на шпекулации, да се посветиме сите заедно на работниот ангажман и да покажеме дека Фени може да биде успешна приказна на Македонската економија. Несебичната поддршка и работната ангажираност на вработените се двигател на овој процес, наведува стечајниот управник на Фени Индустри, Мирослав Анастасиевски
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина