Живот
28. July 2017 - 12:58

Пластично шише вода буквално може да ви го запали автомобилот доколку го чувате на овие места!

Многумина не знаат дека до опасност во автомобил може да не донесе и пластично шише вода изложено директно на сонце.

Широко познати се здравствените ризици од пиење на вода која долго стоела во пластично шише на сонце. Меѓутоа постои уште една поголема опасност поврзана со пластично шише вода на кое мораме да внимаваме, особено за време на топлите летни денови.

Помислата дека пластично шише вода може да предизвика пожар делува тотално бесмислено, но проблемот го прави пластичното округло шише кое со водата делува како лупа. За време на топлите денови сончевите зраци можат да допрат до шишето низ прозорите на автомобилот.

Водата во шишето ја концентрира светлината и шишето на одредена точка. Поради тоа може да додје до создавање на пламен на таа точка во случај шишето да е поставено на седиште или било каде на место обложено со ткаенина, кожа, вештачка кожа, или било кој друг запалив материјал.

Пластичните шишиња со вода затоа секогаш отстранувајте ги од сонцето кога ќе ги оставите во автомобилот. Најдобро е да ги поставите каде што сонцето не допира до нив.