Бизнис
20. September 2017 - 19:39

Планот за економски раст - прифатлив за големите компании

Да се зголеми капиталот, капацитетите и ресурсите на МБПР бараат бизнисмените.

Банката да се вклучи и во осигурувањето на извозот на домашните фирми.

Мерката со која државата ги стимулира само странските инвеститори да инвестираат во развојни и истражувачки центри да ги опфати и домашните компании.  Ова се некои од забелешките на бизнис заедницата за економскиот план на Владата.

Стопанствениците воглавно ги поддржаа економските мерки, велат дека се нов елан за домашниот бизнис.

Од академската заедница присутна на дебатата ја поздравија мерката со која се стимулира соработката помеѓу домашните фирми и странските инвеститори. Академикот Таки Фити се сложи со бизнисмените дека државата треба ја поддржи научно истражувачката дејност и на домашните фирми а не само на странските.

Бизнис заедницата во следните две недели може да достави писмени забелешки за економскиот план на Владата. Вицепремиерот Анѓушев посочи дека голем дел од мерките ќе се модифицираат според потребите.