Фудбал
21. July 2017 - 9:45

Планот Б на Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона има пеколен план доколку се случи Нејмар да замине во ПСЖ за нестварна сума од 222 милиони евра.
 
Нејмар во својот договор има откупна клаузула од 222 милиони евра, сума што е подготвен да ја плати ПСЖ и со тоа да го собори светскиот рекорд.
 
Иако Бразилецот во текот на вчерашниот ден негираше дека ќе го напушти „Ноу Камп“, Барселона е подготвена да реагира доколку Бразилецот реши да замине во Париз.
 
Сумата од 222 милиони евра Барса ќе ја потроши на двајца играчи. Првиот е Марко Верати, италијанскиот репрезентативец од ПСЖ. Неговата цена на трансфер пазарот изнесува помеѓу 80 и 100 милиони евра.
 
Вториот играч е „чудото од дете“ од Монако, Килијан Мбапе, за кого сериозен интерес покажува најголемиот ривал на Барселона, мадридски Реал.
 
Се претпоставува дека Монако би се согласил да го продаде младиот напаѓач за сума од околу 140 милиони евра.