Македонија
22. February 2018 - 16:43

Планинарите тргнаа од Струмица кон Скопје во чест на Трајковски

Планинари од Струмица, Радовиш и Гевгелија тргнаа на марш во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски. Веќе традиционално 13 - та година по ред стартуваат  од Струмица од пред  споменикот  Македонија, а крајната цел и овој пат им е вечното почивалиште на Трајковски каде треба да пристигнат на 26 февруари.   За време на петте дена колку што ќе пешачат планинарите  треба да поминат околу 200 километри.

,, Ќе биде во четири етапи за да може на 26 - ти да бидат во Скопје. Тоа е само мал дел ние што можеме планинарите да му оддадеме почит на нашиот сограѓанин Борис Трајковски кој ги сакаше сите спортови, ги сакаше луѓето.,, рече Коле Ристов – ПАОК ,, Ентузијаст,, Струмица

Учесниците на маршот велат дека ова бил нивни начин да му оддадат почит на загинатиот претседатл Трајковски.

,, Одиме во чест на лицето, на човекот кој загина за Македонија пред се. Да му оддадеме почит, друго неможеме да му дадеме веќе.,, рече Димче Коцев  планинар од Радовиш

,, Од првиот кога е организиран и до ден денес учествувам редовно на овој марш.,, рече  Ангел Милков планинар од Радовиш

,, Заслужен е Борис Трајковски како претседател на Република Македонија, изненадно ни почина и сега почит му правиме секоја година.,, рече Симеон Николов планинар од Струмица

Одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски планинарското  друштво  Ентузијаст од Струмица и оваа година ќе го реализира во две етапи. Во втората е планирано марш на Беласица со искачување на врвот кој го носи името на Трајковски.

Овој марш е планиран за време на викендот и ќе се реализра доколку одговараат временските услови. На него покрај македонските ќе учествуваат и планинари од Бугарија.