Планинари од Македонија и Бугарија се искачуваа на Голак
Педесетина планинари од Македонија и Бугарија вчера ја освојуваа планината Голак и врвот Чавка на 1536 метри надморака висина. Акцијата беше во организација на ПК „Планинари-Кадиица“ од Пехчево и ЕПК „ЕКО Планинари“ од Делчево. Марјан Митриноски од пехчевското здружение истакна дека со оваа акција тие го заокружуваат планот на активности за оваа 2016 година.
- На планинарската акција учествуваа планинари од Софија, Неготино, Македонска Каменица, Пробиштип, Валандово, Кочани и планинари од Делчево и Пехчево. На Голак и врвот Чавка се задржавме околу 3 часа, а гостите од кои повеќето присуствуваат првпат на оваа убава планина во Источна Македонија, беа воодушевени од погледот кој се отвора од Голак, од убавата шума, го посетивме манастирот Св. Пантелејмон, а на инсистирање на гостите, го посетивме и локалитетот Илин Камен кај делчевското село Ѕвегор каде им ја раскажавме легендата за каменот кој помага за лекување на неплодност кај жените, рече Митриновски.
Тој додаде дека овие планинарски акции се значајни за промоција на убавините од нашиот крај, а во плановите за наредната година, ќе работат на поголема промоција на планинарењето со што сакаат да привлечат поголем дел од љубтелите на природата и од соседните земји.
Планинарското друштво Кадиица од Пехчево постои од 1948 година и има десетина актвни членови планинари, а се вклучени во неколку европски прокети поврзани со зачувување на животната средина и развојот на туризмот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок