Македонија
17. September 2017 - 17:26

Планинарењето станува се поатрактивно за рекреативен спорт

Планинарањето во земјава зема се поголем замав . И покрај тоа што некои тврдат дека станува збор за помодарство сепак изминативе години се зголемува бројот на љубителите на природата кои речиси секој викенд организирани и водени од македонски планинарски друштва или во сопствена режија  престојуваат на планина. Сепак за искачување на некои од поголемите врвови потребно е искуство бидејќи покрај убавините постојат и доста опасности.

Потребна е поголема финснсиска подршка од страна на надлежните институции со оглед на тоа што во Македонија има светски елитни алпинисти.

Инаку планинарството последниве години е во подем опфаќајќи популација од 7 па се до 77 годишна возраст некои одат од авантуристички побуди а дел од нив за да уживаат во природата.