Џет-Сет
22. October 2017 - 21:43

Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од „Игра на престолите“

Популарниот актер Кит Харингтон изјави дека заплакал додека го читал сценариото за последната епизода од серијата „Игра на престолите“.

Харингтон кој го толкува ликот на Џон Сноу истакна дека знае како ќе заврши популарната серија.

- Плачев на крајот. Мора да имате обзир дека по осум години актерите се најзасегнати од серијата, Станува збор за институција постара од која било институција на која му припаѓав до сега: училиште, секција во училиште или што било друго, посочи Харингтон.

Тој додаде дека не се чувствува добро кога ќе се сети дека серијата набрзо ќе заврши.

- Би било многу чудно да се опростам од сите. Не само што сме поврзани со нашите колеги и серијата, туку многу луѓе во светот за овие години ја засакаа серијата „Игрса на престолите“, наведе Харингтон.

Тој посочи и дека со нетрпение очекува нови проекти, при тоа најави дека сака да се обиде и како продуцент.