Балкан
11. December 2017 - 15:47

Плач ја параше гробната тишина: Погребан убиениот средношколец, стотина другари дојдоа да го испратат кон вечното почивалите

Момчето Иван Адамов (16), кој пред неколку дена е убиен во договорена тепачка во Панчево, денеска е погребан на гробиштата во овој град.

Средношколецот кон вечното почивалиште го испратија стотина другари од неговото средно училиште како и наставници. Еден од нив одржа говор и рече дека момчето ќе го паметат како примерен ученик.

На погребот присуствуваа и неговите родители, кои цело време останаа неми од болка поради прераната смрт на нивниот сакан син.

Цело време погребната тишина ја сечеше плачот на тинејџерите, другари на покојното момче и семејството.

Инаку, Адамов во четвртокот вечерта е убиен во закажана тепачка, кога година дена постариот Немања С, со нож го прободе во градите.