Балкан
7. April 2016 - 13:22

Плач и лелеци: Телото на убиената Јелена го оплакуваа во капела

Брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ денеска ќе биде погребана на гробиштата Збег.

Опелото е закажано за 13.30 часот, а погребот за 14 часот во Борча. Пред семејната куќа се собраа пријателите, роднините и семејството.

Сопругот на убиената пејачка, Зоран Марјановиќ не е во поворката која тргна до капелата, зошто му се слошило. Подоцна во придружба на својот татко стигна на погребот на сопругата.

-Зарем и ти да ме оставиш, Зоки мој, што ќе правиме без неа? Кажи и на мајка, испрати знак да знам кој те зеде, лелекаше неутешната мајка.

Полиција во цивил дежураше на погребот.

И натаму не се знае кој ја уби пејачката, на која во текот на трчањето на насипот и ја смачкал главата. Сопругот Зоран по испитувањето од 48 часа, во вторникот е пуштен дома.

Како што наведуваат криминилозите, убиецот имал помошник, зошто тешко можел да побегне, без никој да го види и слушне.