Фудбал
14. December 2016 - 13:21

ПЛ: Куман го исмеа Венгер

Екипата на Арсенал загуби кај Евертон во Ливерпул со 2-1 по пресврт што беше причина Арсен Венгер повторно да го критикува главниот судија Марк Клатенбург поради коренер со кој домаќинот ја оствари победата на 5 минути до крајот. 

„Не беше корнер. Тоа беше погрешна одлука. Разочаран сум бидејќи Клатенбург беше во многу добра позиција . Ова не е првпат да загубиме несреќно поради неговите одлуки оваа сезона, но не сакам да говорам за судиите туку за нас бидејќи ние загубивме. Добро почнавме и се загубивме“, рече Венгер. 

Венгер нема победа против Куман на последните 4 средби: “Не сум изненаден поради коментарите на Венгер. Ова е трет меч во серија кој го добивам против него и го коментира судењето“- рече холандскиот стратег кој ја прекина серијата на Арсенал од 14 средби без пораз која трае дури од 1.04.2014 година.