Спорт плус
19. July 2016 - 17:48

Пјонгчанг ги претстави маскотите за ЗОИ 2018

Организаторот на Зимските олимписки игри 2018 градот Пјонгчанг, ги претстави маскотите „Соохоранг“ и „Бандаби“.
 
Белиот тигар „Соохоранг" е официјална маскота на ЗОИ, додека црната  мечка „Бандаби" ќе биде заштитен знак на Параолимписките игри во јужнокорејскиот град
 
„Соохоранг" во превод значи тигар заштитник, додека преку „Бандаби“ е претставена храброст и силна волја на атлетите.