Живот
1. September 2015 - 17:54

Пиволенд стартува утре - Погледнете ја богатата музичка програма

Од утре до 6 септември на Скопската тврдина (Кале), по осми пат ќе се одржи традиционалната манифестација- Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2015“.
Пет фестивалски денови исполнети со богата музичка програма со настапи на големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство, многу катчиња за незаборавна забава, над 50 брендови пиво и гурманска храна, се само дел од понудата што ги очекува посетителите на годинешниов „Пиволенд 2015“.
Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 200.000 денари.