Писмо со сочувство од претседателот Иванов до кралот Фелипе за терористичкиот акт во Барселона
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска испрати писмо со сочувство до Неговото величество, Фелипе VI, Крал на Кралството Шпанија, по повод терористичкиот акт во Барселона.
- Со шок и огорченост ја примив веста за бруталниот терористички акт во Барселона во кој животот го загубија недолжни шпански и странски државјани, а голем број се здобија со тешки повреди и трауми од ужасниот напад. Вознемиреноста од оваа жална вест е уште поголема поради тоа што и граѓанин на Република Македонија е меѓу тешко повредените лица од истиот крвнички акт, пишува Иванов во писмото со сочувство.
Во овие тешки моменти на огромна жалост, претседателот Иванов, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име упатува изрази на најискрено и длабоко сочувство.
- Република Македонија најостро ги осудува ваквите подли акти на насилство врз невини луѓе и изразува сочувство и солидарност со земјите кои се погодени од ваквиот грозоморени кукавички чин на тероризам. Ова е глобално зло со кое сите имаме обврска да се бориме, имаме одговорност да го превенираме, спречуваме и искорениме за да не страдаат недолжни и невини животи. Ваквиот ужасен настан е потсетување дека мораме да вложуваме колективни напори за спречување на сите форми на насилен екстремизам и тероризам, и да не дозволиме нашите вредности, демократијата и слободата, да бидат мета на заканите и ризиците од тероризам, страв и омраза, наведува претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн