Свет
12. February 2018 - 23:23

Писмо со бел прав испратено до синот на Трамп

Сопругата на Доналд Трамп Помладиот префрлена е денеска во њујоршка болница откако отворила писмо со неидентификуван бел прав, соопшти денеска полицијата. 

Писмото било упатено до најстариот син на Трамп на адресата на неговиот стан на Менхетн. 

Ванеса Трамп и уште две лица биле префрлени во болница на преглед.

Инцидентот го истражува тајната служба, а официјални лица изјавија дека снаата на Трамп е во добра здравствена состојба.