Кошарка
21. September 2017 - 21:00

Пирова победа за „соколите“

Кошаркарите на Карпош Соколи вечерва забележаа победа во реванш дуелот од 1.коло од квалификациите на гостувањето кај Калев во Естонија со 81:78, но поразот од пред два дена е причината за нивната елиминација од ова натпреварување. Во вкупниот резултат естонскиот првак е подобар со 165:160.
Во изедначен натпревар ниту една екипа не успеа да добие четвртина со повеќе од два поена разлика. Резултат по четвртини: 13:14; 23:21; 23:25 и 19:21, со тоа што македонскиот тим успеа да добие три периоди.
Најефикасни кај Карпош Соколи беа Тадеус МекФејден кој постигна 17 поени, а Дарко Соколов и Кирил Николовски реализираа по 16. За Калев најпрецизен беше Бранко Мирковиќ со 17 поени.
Избраниците на тренерот Борче Даскаловски ќе ги продолжат натпреварите во ФИБА Европа купот во групната фаза (група Х), а ривалите ќе ги добијат по одигрувањето на квалификациите од ова натпреварување.