Loading Video...
Македонија
14. October 2015 - 19:20

Пироманот од Куманово доби 30 дена притвор - призна дека ги палел автомобилите по случаен избор

30 дена притвор заработи кумановецот З.М. роден 1978 година кој опожари 11 патнички моторни возила.

Тој ќе одговара за кривичното дело предизвикување општа  опасност.

Во распитот пред основниот јавен обвинител , осомничениот го признал делото, истакнувајќи дека без причина го сторил тоа.

Според неговата изјава, возилата ги потпалувал по случаен избор, но како што потврдуваат од ОЈО Куманово идентичен бил начинот на кој ги опожарувал возилата. 

Во сите случаи користел запалка и го палел делот кај регистарската табличка, а потоа пожарот се ширел и на останатиот дел од автомобилите.

При распитот, кумановецот побарал да биде упатен во психијатриска установа на терапија, но обвинителството му одредило притвор бидејќи станува збор за криминогена личност, претходно осудуван за семејно насилство , а водејќи се и од фактот што запалил повеќе патнички моторни возила.