Балкан
11. December 2017 - 13:43

Пијан возач се заби во дневната соба: Газдата гледал телевизија кога автомобил му го проби ѕидот

Брзината, алкохолот и лизгавиот пат кумуваа на сообраќајната несреќа која се случи во Загребачката улива во Лобор во Хрватска.

Млад возач на „хјундаи“ слета од улица и влезе во дворот на една семејна куќа и се заби во ѕид од дневната соба. И покрај превртувањето на покрив, и ударот во ѕидот, возачот на автомобилот останал неповреден.

Во мометот на несреќата сопственикот на куќата Бранимир Огриншак гледал ТВ во дневната соба. Кога се слушнал ударот на автомобилот во ѕидот помислил дека ќе се урне куќата и скокнал од каучот. За среќа и тој поминал без повреди. Домашните останале исплашени и не можеле да веруваат што им се случило во куќата.

Во дневната е срушен ѕидот, скршен прозорецот, скршен радијаторот, а материјалната штета изнесува околу 40.000 куни, или 5.300 евра.

Момчиња кои се враќале од вечерното излегување виделе што се случило и притрчале да му помогнат на возачот, кој според изјавите на сведоците бил во алкохолизирана состојба. Го извлекле од автомобилот и во куќата во која се забил ја дочекал полицијата.