-->
-->
Пијан татко си ги претепал малолетните деца, па ги заклучил во подрум
-->
Полицијата вчера уапсила маж од Гевгелија бидејќи физички ги нападнал своите две малолетни деца, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
- Таткото со стап ги нападнал најпрвин во станот, а потоа и во подрумските простории, каде ги заклучил со катанец. Од страна на униформирани полициски службеници извршено е алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол од 1,77 промили и истиот е задржан во Полициската станица во Гевгелија – велат од МВР.
Децата се згрижени од страна на социјалните работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Гевгелија.
Случајот во полиција бил пријавен синоќа околу 1 часот и 20 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители