Фудбал
23. April 2017 - 18:37

ПФЛ: Вардар победи на Чаир, Шкендија одигра нерешено во Кратово

Шампионот на Македонија и лидер на табелата Вардар оствари победа на дуелот од 28.коло на гостувањето кај Шкупи со 2-0. Стрелци на головите беа: Балотели во 20.минута и Барсегјан во 51.минута.

Во Кратово Силекс и Шкендија одиграа нерешено 1-1. Поведе Силекс преку Филиповски во 46.минута, а веќе во следната изедначи Жуниор.
На другите два дуела: Ренова - Брегалница 4-0 и Пелистер - Победа 1-0.
Табела: Вардар 68 бодови, Шкендија 55, Работнички 47, Пелистер 40, Ренова 38, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македонија ЃП 19.