Фудбал
22. April 2017 - 12:43

ПФЛ: Работнички - Македонија ЃП на старт од 28.коло (пренос - СИТЕЛ 3)

Со натпреварот меѓу Работнички и Македонија ЃП што се игра попладнево на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје ќе стартуваат дуелите од 28.коло од Првата фудбалска лига. Почетокот на дуелот е во 16 часот.
Другите четири натпревари се играат утре, а двојките се: Шкупи – Вардар, Силекс – Шкендија, Пелистер – Победа и Ренова – Брегалница.
Табела: Вардар 65 бодови, Шкендија 54, Работнички 46, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 35, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македнија ЃП 18.