Фудбал
26. August 2017 - 19:38

ПФЛ: Пелистер го совлада Силекс

Екипата на битолски Пелистер е нов лидер на Првата фудбалска лига откако попладнево во дербито на 3.коло како гостин го совлада Силекс во Кратово со 4:1. Најзаслужен за триумфот е Оливер Пеев кој постигна хет-трик, а четвртиот гол го постигна Баже Илијоски. Силекс на крајот само успеа да го намали поразот  со голот на Филип Тимов.

Прв триумф забележа Победа откако на домашен терен го победи тимот на Шкупи со 2:1, додека без голови 0:0 заврши дуелот Скопје – Ренова.

Утре од 16:30 часот во Тетово се игра дуелот Шкендија – Академија Пандев. Натпреварот Работнички – Вардар е одложен.

Табела: Пелистер 7 бодови, Шкендија 6, Силекс 6, Академија Пандев 4, Вардар 3, Победа 3, Работнички 2, Ренова 2, Скопје 1, Шкупи 1.