Македонија
24. September 2016 - 18:45

Петти техно-фестивал Гринфест во Штип

На 15 октомври во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи петтиот техно-фестивал Гринфест (Greenfest) на кој главен гостин е најавен диџеј Шадед. 

Како што соопшти портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов,  покрај гости од Македонија се очекуваат и гости од Косово. Цената на влезниот билет е 100 денари, а на  местото на настанот 150 денари.

Гринфест е прогласен за најдобар македонски техно-фестивал, а организаторите неодамна добија признание и од Министерството за култура и Општина Штип за збогатувањето на музичката сцена во Штип.

Организаторите најавија дека подготвуваат изненадувања кои ќе бидат објавени на самиот ден на фестивалот.