Pетти самит Mакедонија 2025
Најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновациите и технологијата може да слушнат на петтиот по ред Самит на Македонија 2025.
Над 250 гости, професори, директори и амбасадори ги пренесуваат искуствата што нивната дијаспора прави за својата земја. Позитивен пример е Израел, кој со организирање посети на Евреите од цел свет во родната земја, досега инкасирале над една милијарда долари. Сега од нивното искуство учат Грција, Куба и Ирска
Гиди Марк- Постоиме 16 години и почнавме со 2.000 Евреи кои го посетија Израел, а досега имаме половина милион учесници. Преку програмата создаваме млада заедница. Ова е најнапредна организација во ткн. туризам кон родната земја кој модел го следат и учат од нас Ирска, Куба, Грција и други,, зијави Гиддеон Марк Амир, извршен директор на Birthright israel
Скандинавските искуства за поголема искористенот на обновливите извори на енергија ги пренесе Клепер, советникот на Нордискиот совет на министри. Препорачува – Македонија има голем хидропотенцијал, кој треба да се искористи.
Почнавте и со енергија од ветерот со инсталацијата во Богданци. Имате голем потенцијал за искористување на сонцето, шуми, а и доста депонии каде може да се извлечат биомаси кои подоцна ќе се префрлат во биогориво, рече Клепер и додаде дека предуслов за искористување на обновливите извори на енергија е да се има систем за нејзино пренесување, што може да се оствари преку заедничката мрежа во регионот.
Самитот Македонија 2025 се одржува една годишно, чија цел е да се охрабрат успешните македонци од светот да оставрат различни водови соработка со родната земја.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар