Кошарка
16. August 2017 - 9:25

Петта рунда од претквалификациите за СП 2019

На програмата денеска се петте натпревари од 5.коло од претквалификациите од европската зона за СП 2019. Македонија во рамките на групата Ц гостува во Талин кај Естонија и со победа ќе обезбеди пласман на едно од првите две места. Почетокот на овој дуел е во 17:30 часот.

Другите двојки се: 
Словачка - БиХ и Шведска - Ерменија (А група),
Холандија - Австрија (Б група) и
Белорусија - Бугарија (Д група).
 
А група: Ерменија 7 бодови, Шведска 6, БиХ 6, Словачка 5.
Б група: Австрија 5, Холандија 4, Албанија 3.
Ц група: Естонија 4, Македонија 4, Косово 4.
Д група: Бугарија 6, Белорусија 3, Португалија 3.
 
Пласман во следната фаза досега имаат обезбедено: Австрија, Холандија и Бугарија.