Балкан
30. May 2016 - 14:43

Петров: Не гледам можност за соработка со Карамарко

Хрватскиот вицепремиер Божо Петров денеска изјави денеска дека откако го поддржа предлогот за разрешување на првиот претседател на Владата и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко, неговата партија Мост на независни листи (Мост), не гледа на каков начин би можела да ја продолжи соработката со него во владиниот Кабинет, јави Хина.

- Ако сме за разрешување, не гледам искрено на кој начин можеме да останеме (во Владата). Секако, јас реков дека Националниот совет (на Мост) ќе донесе одлука, но тешко дека ќе ги намалиме критериумите, одговори Петров на прашањата на новинарите во Саборот дали е можно продолжување на соработката меѓу Мост и ХДЗ во Владата. 

Тој повтори дека 12-те пратеници на Мост остануваат при истата одлука дека во Саборот ќе гласаат за разрешување на Карамарко, а на изјавата на Карамерко дека „ХДЗ и без Петров како камен во чевлот ќе спроведува реформи“, тој возврати: „Супер, камен се тркала, некогаш од Банските двори до Саборот, а некогаш во спротивен правец“. 

На прашањето дали постои можност тој лично да си замине од Владата а министрите од Мост да останат, тој одговори: „тешко“.