Македонија
13. December 2017 - 16:19

Петре Шилегов најави дека детали за стратегијата против загадувањето, ќе има утре

Градоначалникот на Скопје утре ќе информира какви мерки ќе преземе за намалување на загадувањето. Стратегијата за подобрување на амбиенталниот воздух тој ја најави за денеска, но не ја презентираше. На прашањето какви итни мерки ќе се преземат тој рече дека советот до крајот на оваа година ќе донесе одлука за скалесто зголемување на цената на паркинзите и намалување на билетот за јавен превоз.

- Утре ќе ви биде презентирана мерката. Од кој медиум сте ? Благодарам на Сител на прашањето. Само да ви појаснам одлуките за мерката за воведување на бесплатен јавен превоз и зголемување на паркингот се предмет на одлука на советот на град скопје. Тие ќе расправаат за  до крајот на оваа година да може да се донесе одлука за  скалесто покачуање на цената на паркинзите и намалување на цената на јавниот превоз.

Изречена е казна на депонијата Дрисла, а се врши  посебен надзор на носители на две лиценци во градот скопје. Решението според градоначалникот е во системски план кој ќе опфати мапирање на возилата и менување на системот за затоплување.

- Во соработка со министерството за животна средина  на дневна основа ќе ги објавуваме една по една мерките. Треба да разбереме сите , постапката за ослободување од тоа бреме што го имаме не е  постапка со филмска брзина ниту пак е реалити шоу настан. Треба сите ние да се ослободиме од секојдневните навики. Јас сум одговорен пред се за сите што живеат во  загадените населби. да го решаваме тој проблем. Да не даваме риалити шоу прашања. Самото затварање на акцелераторот е мерка. Во периодот кој претстои во зависнопст од тоа каква е загаденоста дневно ќе бидете известувани за мерките кои ќе се преземаат.

Шилегов вчера  најави дека идната година ќе биде решен проблемот со затоплувањето во домаќинствата кои во сите студиии се посочени како најголеми загадувачи. Министерот Дураки пак не одговори на прашањето што презема министерството за штетниот водух кој го дишат граѓаните.

Воздухот 8 дена по ред  е  екстремно загаден. ПМ 10 и ПМ 2, 5 честичките  се присутни во воздухот  10 и повеќе пати од дозволеното. Во Лисиче е најзагадено. Мерната станица покажа до 500 микрограми пм10 честички на метар кубен. Граѓаните покрај апликациите преку кои се информираат за квалитетот на воздухот можат да видат и колку од мерките се исполнеи од страна на надлежните. На апликацијата политички бројач од дадените 39 ветувања не е исполнето ниту едно.

Инаку Шилегов  денеска потпиша анекс на  меморандум за соработка  со францускиот амбасадор и министерот за животна средина и просторно планирање, за изградба на пречистителна станица за отпадни води во главниот град. Меморандумот е потпишан уште во 2014та а  Владата на Франција донираше дополнителни 197 863 евра за овој проект. Вкупната донација до сега изнесува 927 000 евра. До 2020 најдоцна треба да биде склучен договорот за изградба.