Свет
18. January 2017 - 17:18

Петр Павел: НАТО е важен како и за време на Студената војна

Претседавачот со Воениот комитет на НАТО, чешкиот генерал Петр Павел изјави денеска дека Алијансата и сега е важна исто колку и за време на Студената војна.

Откако новоизбраниот американски претседател Донал Трамп го нарече „застарен воен сојуз“, Павел на прес-конференција истакна дека „НАТО се прилагодува на новата ситуација“.

– Очевидно е дека можеме да расправаме за обемот, длабочината или патот на тоа прилагодување, но мислам дека важноста на НАТО не се доведува во прашање, изјави Павел.