Петнаесет Ромки вработени преку проект за социјално претприемништво
Петнаесет Ромки поминаа обука и се вработија во социјалното претпријатие за професионална грижа на стари лица во домашни услови „Нега плус“, отворено преку проектот за зајакнување на Ромките во општеството, спроведен со финансии од Европската унија.
- Поддржавме 15 Ромки на кои им овозможивме да ги развиваат своите работни вештини, потоа да се вработат и конечно да ја остварат својата економска независност. Сите тие и се надевам и многу други во иднина ќе имаат можност да се вработуваат и да заработуваат, рече денеска на прес-конференција Драгана Каревска Чемерска, програмски раководител на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА, која е носител на проектот.
Каревска Чемерска истакна дека со партнерските организации од кои е дел француската групација СОС осмислиле алтернативни безбедни форми за остварување приходи водени од потенцијалот на социјалното претприемништво како иновативен модел за промоција на социјалната инклузија, ресоцијализацијата и вработувањето на ранливите групи граѓани.
Во тек на проектот се работело и на надградба на капацитетите на граѓанските организации кои сакаат да отворат социјални бизниси. Изготвена е и Предлог програма за развој на социјално претпримеништво на општина Центар за 2018 година, како и Стратегија за финансиски механизми за социјални претпријатија кои постојат во Македонија.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи