Свет
1. October 2016 - 10:35

Петмина војници убени при напад врз воен конвој во Мексико

Петмина мексикански војници се убиени, а десетмина други се ранети синоќа, при напад врз конвој воени возила во градот Кулијакан во северозападнмиот дел на Мексико, јави ДПА.

Според безбедносни извори, се претпоставува дека нападот е дело на картелот предводен од синовите на нарко босот Хоакин Гусман, познат под прекерот Ел Чапо, кој беше упасен во јануари годинава.

Воениот конвој бил нападнат додека придружувал амбулантно возило со кое в болница бил пренесуван припадник на картелот на Ел Чапо, кој претходно бил ранет во престрелка со безбедносните сили.

Нападот врз конвојот бил извршен со истрели од автоматско оружје и бомби, при што напаѓачите успела да го ослободат приведениот нивни соработник, кој е еден од братучедите на Гусман, и да побегнат во непознат правец.

Ел Чапо во моментов се наоѓа во затвор во Мексико, каде ја очекува одлуката на мексиканските власти на барањето на Вашингтон за негова екстрадиција во САД, каде е обвинет за повеќе убиства, шверц на дрога, организран криминал и перење пари.