Балкан
20. December 2016 - 11:17

Петмина уапсени во Турција во врска со атентатот на рускиот амбасадор

Пет лица се уапсени во Турција во врска со убиството на рускиот амбасадор во земјата, Андреј Карлов, пренесе ТАСС.

Уапсени се мајката, сестрата и таткото на напаѓачот, како и други две лица. Роднините на атентаторот од градот Сок, во западна Турција, ќе бидат доведени на распит во Анкара. 

Убиецот, кој беше ликвидиран, веќе е идентификуван како Мевљут Мерт Алтинташ, полицаец, 22-годишен.

- При пукотниците беа ранети тројца турски државјани, изјави министерот за внатрешни работи, Сулејман Соилу.

Една жена веќе е пуштена од болница. Двајцата мажи пак, кои се здобиле со повреди во пределот на рацете и нозете, се задржани на лекување.