Свет
24. May 2017 - 17:57

Петмина мртви во судар на авомобил и камион кај англискиот град Стоук

Пет лица загинаа кога автомобил „Нисан-Микра“ се судри со камион со приколка, на британскиот автопат М6, во близната на градот Стоук, во централна Англија.

Едно лице, за кое полицијата соопшти дека е маж на четириесгодишна возраст и кое патувало во автомобилот, е тешко повредено и префрлено во болница. Неговата здравствена состојба се означува како опасна по животот, но лекарите соопштиле дека тој се наоѓа во„ стабилна состојба“.

Четири жени и еден маж загинале на местото на несреќта.

Возачот на камионот не е повреден, но според полициското соопштение тој е осомничен дека е одговорен за тешката несреќа и е уапсен за „опасно возење“ на своето визило.

Сударот кој се случи денеска рано утринава, околу 04,30 часот по британско време, предизвика блокада на автопатот кој е еден од виталните сообраќајници на правецот кој се движи од југот на земјата, кон север и северозападот на Англија, кон Манчестер и Ливерпул.

Автопатт е целосно запрен за сообраќај и веројатно ќе остане во текот на денешниот ден, предизвикувајќи застој во движењето на возилата.

Локалните медиуми јавуваат дека утринава, на истотот автопат, имало уште една несреќа во која три камиони удриле еден во друг.

Нема информации дали во овој судар, зад долгата колона од возила, има повредени.