-->
-->
Петмина дипломати на ОАЕ загинале во бомбашкиот напад во Кандахар
-->
Обединетите Арапски Емирати објавија денеска дека петмина нивни дипломати загинале во бомбашкиот напад во авганистанскот град Кандахар.
Знамињата во ОАЕ ќе бидат спуштени на половина копје. Официјални лица соопштија дека не постои „човечки, морален или верски оправдан бомбашки напад и убивање луѓе, кои се обиделе да им помогнат на други“.
Авганистански официјални лица соопштија дека во вчерашната експлозија загинале пет, а повредени се 12 луѓе. Меѓу ранетите е и гувернерот на Кандахар, Хомајун Азиз, како и амбасадорот на ОАЕ, Џума Мохамед Абдулај ел Каби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски