Фудбал
21. April 2017 - 16:54

Пет спортисти меѓу 100-те највлијателни во светот

Угледниот американски неделник „Тајм“, објави листа на 100 највлијателни луѓе во светот во 2017 година.

На листата на „Тајм“, има шест спортисти, а едниствен фудбалер е напаѓачот на Барселона, Нејмар.

Мало изненадување преставува што на оваа листа ги нема Лео Меси и Кристијано Роналдо, а во коментарот за Нејмар стои дека тој „ од година во година расте како личност и како фудбалер“ и дека е на добар пат да стане најдобар во светот.

„Тајм“, највлијателните луѓе ги подели во пет категории: пионери, уметници, лидери, титани и икони. Нејмар е сместен во последната група.

Покрај Бразилецот на листата има уште пет личности од светот на спортот: Конор Мекгрегор, ММА борец, човек кој ја надмина популарноста на својот спорт, тој се најде во категоријата пионери, кошаркарот Леброн Џејмс е во категоријата титани, исто како и суперстарот на НФЛ лигата, Том Брејд, петкратен шампион во американскиот фудбал.

Колин Коперник е поранешн играч на амриканскиот фудбал, член на Сан Франциско, тој како и Нејмар е во категоријата икони. Минатата година тој протестираше со игнорирање на американската химна, поради односот на државата кон луѓето кои кои не и припаѓаат на белата раса.

Во друштвото на Нејмар и Коперник е и младата гимнастичарска ѕвезда Симон Бајлс.