Македонија
12. January 2017 - 10:32

Пет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Пет сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од кои една со полесно повредени две лица и четири со материјална штета.

Како што соопшти СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала поголем број прекршоци. Двајца возачи поминале на црвено, седум возеле без возачка дозвола, осум не ги почитувале поставените сообраќајни знаци, а 38 возила биле непрописно паркирани.

Со пајак-служба биле отстранети 46 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.