Бизнис
17. March 2016 - 16:48

Пет нови локални патишта ќе се градат годинава

Пет нови модерни експресни патишта ќе се градат годинава. Станува збор за патот од Штип до Кочани, Штип- Радовиш, Ранковце- Крива Паланка како и Прилеп Градско. Изградбат е во различна фаза информираше лидерот на владеачката партија Груевски.

- Три од нив се во фаза на тендерска постапка, објавен е тендерот, се бара изведувач. Сите заинтересирани изведувачи ќе поднесат свои понуди, за некој месец тој процес ќе заврши и ќе се избере изведувач и ќе почне градбата. Во таква фаза се патот Штип-Кочани, Штип-Радовиш и Крива Паланка-Ранковце, рече Груевски.

Експресните патишта ќе бидат со 4 ленти, и стандарди како за автопат во однос на степенот на кривините, нагорниците и надолниците. Средствата за изградбата се обезбедени. Тендерот за  патот од Прилеп до Градско  е завршен и наскоро ќе почнат градежните активности.

- Останува патот Охрид-Пештани, за којшто се уште се во подготовка одредени работи каде што имаме забавување поради проблеми поврзани со разни барања и услови поврзани со животната средина. Кога тие прашања ќе се завршат тогаш ќе почне и тендерската постапка и изградбата на тој пат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. И за експресниот пат Охрид-Пештани исто така се обезбедени финансиски средства.

Овие патишта се во должина од 126 километри. Покрај нив годинава ќе   се градат и магистрални и регонални патишта, а ќе се врши и рехабилитација на повеќе патни правци.