Бизнис
5. January 2017 - 19:50

Пет најголеми ризици за глобалната економија во 2016 според ММФ

Меѓу најголемите ризици за светската економија во 2017 станува монетарната политика, која го достигнува својот лимит. По 8 години квантитативни олеснувања билансот на четирите најголеми централни банки во светот се зголеми за 6 илјади милијарди долари, достигнувајќи 18 илјади милијарди долари, а најголем дел од оваа состојба паѓа на државните обврзници.Политиката ја помогна ликвидноста и допрва ќе се види како пазарите ќе реагираат на нејзниот крај.

Друг голем ризик пред е затегнувањето на фискалната политика на развиените земјите што може да го забави растот.

Трет ризик е застојот на цените на суровините кои ММФ очекува да поскапат незначително во 2017-та. Ниските цени на ресурстите нанесоа големи штети на земјите во развој, чии економски раст изминатиот период беше скромен.

Добро е да се потсети дека и двата претседателски кандидати на последните избори во САД сигнализираа дека би ја отстраниле слободната трговија од земјата. Кандидатот на Демократската партија Хилари Клинтон изјави дека таа не го поддржува договорот за Транс-пацифичкото партнерство, а пак републиканецот Трамп (кој победи на изборите) изјави дека ќе ја извади САД од северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

Следниот ризик е политиката на идниот американски претседател Трамп кон слободната трговиј. Тој најавуваше дека ако победи ќе ги извади САД од од северноамериканскиот договор за слободна трговија. Според ММФ таквиот потег може да се одрази лошо на економскиот раст, да ги намали работните места и платите и да предизвика глобалните турбуленции.

Петтиот ризик е Брегзит и неизвеноста пред Европската унија, имајќи ги во предвид претстојните избори во Франција, Германија и Холандија и учествувото на кандидати со популистички идеи. Процедурата за излегување на Британија од ЕУ која треба да отпочне во март, 2017, ќе биде еден од најважните геополитички настани кои ќе влијаат на меѓународните пазари, сметаат аналитичарите.