Македонија
4. February 2018 - 11:23

Пет мигранти се уапсени во Бања Лука

Во Бања Лука синоќа се уапсени петмина мигранти, јави „РТРС“, наведувајќи дека тие се пронајдени во камион што превезувал стоки од Турција за приватна компанија во Бања Лука.

„РТРС“ наведе дека, мигрантите биле откриени од страна на работници, како и дека возачот е турски државјанин. 

Мигрантите се државјани на Авганистан и Пакистан и се на возраст меѓу 16 и 37 години.