Свет
24. April 2017 - 9:16

Пет лица загинаа при пожар во Њујорк

Пет лица, од кои три деца, загинаа синоќа при пожар што избил во куќа во Њујорк. 

Во пожарот, што зафатил неколку куќи, повредени се неколку лица. 

Огнот избувнал во двокатна куќа во њујоршкиот реон Квинс. 

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио изјави дека пожарот се проширил многу брзо, при што загинало цело семејство. 

- Има многу работи што треба да ги истражиме за да знаеме што се случило, додаде Де Блазио. 

Претставник на пожарникарната служба наведе дека очевидци слушнале гласна бучава и виделе како човек паѓа од прозорецот на вториот кат. Тој преживеал откако паднал на тревата. 

Жртвите се на возраст од 2 до 21 година, како и едно повозрасно лице.