Македонија
30. December 2015 - 13:20

Пет лица од Македонски Брод затајувале данок

НК-КР Македонски Брод поднесе кривични пријави против пет лица од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”.  Пријавените се занимавале со давање на интернет услуги за прогнозирање на фудбалски натпревари на лица од целиот свет и при тоа на своите трансакциони денарски и девизни сметки кај деловни банки во Р.Македонија, преку брз трансфер на пари и Интернет трансакциски сметки, оствариле поголеми приливи на средства за кои избегнале плаќање на персонален данок. Во периодот од 2011 до 2014 година оствариле вкупен приход од 9.672.648.00 денари и затаиле данок од 967.264.00 денари за која сума и го оштетиле буџетот на Република Македонија.