Свет
5. May 2016 - 14:10

Песков: Русија не е закана никому, но ќе се брани

Русија не претставува закана за никого, но не може да ги игнорира активностите кои ја загрозуваат и одлучна е да ги брани своите интереси, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој регираше на изјавата на новиот врховен командант на НАТО силите за Европа генерал Кертис Скапароти, кој рече дека Алијансата треба да ги зајакне своите сили во Европа.

- Повеќепати повторивме дека Русија која јакне не е закана за никого, рече Песков.

Во исто време, Русија сигурно не може да ги игнорира активностите кои претставуваат директна или потенцијална закана по нејзините национални интереси. 

Русија, доколку тоа биде потребно, ќе ги брани своите интереси, истакна портпаролот на Кремљ