Свет
12. January 2017 - 13:50

Песков: Распоредувањето на американски тенкови во Полска е закана за Русија

Распоредувањето на американски тенкови и други оклопни возила во Полска за Русија значи закана, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Ние тоа го толкуваме како закана и акција која ги загрозува нашите интереси и безбедност. Трета земја го засилува военото присуство во близина на нашата граница во Европа. Таа дури не е ниту европска земја, посочи Песков.

Тој наведе дека „не е важна големината на воениот контингент“.

- Дали во прашање се илјада или 10.000, сеедно е. Тоа е зајакнување на военото присуство и немам што да додадам, истакна Песков.

Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војниви утрово почнаа да пристигнуваат во Полска.